Бурен почеток на новата година во САД

Објавил: Узунов Бобан | 4 јануари, 2019 11:18

Трамп попушти пред демократите

Фото/Текст извор: ©магазин

Битката помеѓу републиканскиот претседател Трамп и демократите се разгорува. Откако Трамп ја суспендираше Владата на неопределно време, демократите го возвратија ударот со изборот на Ненси Пелоси за нов претседател на Претставничкиот дом од редот на демократите со 220 гласа од вкупно 435 конгресмени.

Американскиот Претставнички дом изгласа две мерки потребни за да се излезе од буџетскиот застој, кој делумно ја блокира работата на американската администрација, но без поддршка на американскиот претседател, кој бара ѕид на границата со Мексико. 

После изборот на Пелоси за прв човек на Претставничкиот дом и глсањето на мерките за одблокирање, Доналд Трамп преку твитер и понуди преговори на Пелоси за излез од ќорсокакот.

Изгласаните мерки би можеле да останат само на хартија, откако шефот на републиканците во тој дoм рекол дека нема да ги стави на дневен ред, ако не добие зелено светло од Доналд Трамп, кој мора и да ги потпише законите.
Белата куќа однапред ги отфрли предлозите на законите, бидејќи тие не ги вклучуваат 5 милијарди долари за финансирање на ѕидот со Мексико.

Демократите тврдат дека се залагаат за безбедност на границите, но се против ѕид, сметајќи го за неефикасен.

Демократите синоќа ја презедоа контролата во Претставничкиот дом одбележувајќи го почетокот на нова ера против републиканскииот претседател Доналд Трамп, додека Сенатот останува под контрола на републиканците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести