Одредбата ги опфаќа сите европски земји освен Велика Британија, а не важи за американските граѓани и оние со постојан престој во САД.

Објавил: Едмонд Бекири | 12 март, 2020 9:46

Дали Трамп признава дека Америка стои позади КОВИД-19? забранети сите летови од ЕУ освен од Британија.

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиското обраќање до нацијата соопшти дека САД ќе ги суспендираат сите летови од Европа за Соединетите Американски Држави на 30 дена со цел во да се спречи ширењето на пандемијата со коронавирусот во светот.

Одредбата ги опфаќа сите европски земји освен Велика Британија, а не важи за американските граѓани и оние со постојан престој во САД.

Во Неделата новинарот Васко Ефтов ги обвини токму Американците дека ке направат се да и го отежнат патот на Европа да направи економска коалиција со Евроазија. Короан вирусот е најзастапен во Европа? Забраната на летовите не ваќи за Велика Британија? Дали овде има сомнеж ?

Трамп не прецизираше кои земји се вклучени во рестрикцијата, но во соопштението објавено потоа се наведува дека станува збор за 26 земји од Шенген зоната. Тој оцени дека во Европа имало многу случаи на КОВИД-19, бидејќи владите не презеле мерки какви што презема Вашингтон.

Одвоено Стејт департментот им препорача на Американците да не патуваат во странство. Во САД досега има околу 1.200 заразени со вирусот, додека 37 починале.

Европската Унија не успеа да воведе такви мерки на претпазливост (како САД) и да забрани патувања од Кина и другите жешки точки – изјави Трамп.

Тој додаде дека тоа било причина за појавување на нови жаришта на болеста во САД. Истовремено, Пентагон најави забрана за патувања на својот воен и цивилен персонал во рок од 30 денови а кон такви дестинации како Јужна Кореја, Италија, Иран и Кина.

Во меѓу време Италија веќе побара да се активира механизмот на Европската унија за цивилна заштита за снабдување медицинска опрема за индивидуална заштита. Но, за жал ниту една земја на ЕУ не одговори на повикот на комисијата. Само Кина реагираше билатерално. Секако, ова не е добар знак за европска солидарност

Германија и Франција се меѓу државите на ЕУ кои воведоа ограничувања за извоз на заштитна медицинска опрема, додека Кина понуди да и продаде на Италија 1.000 вентилатори на белите дробови, 2 милиони маски, 20.000 заштитни костуми и 50.000 брисеви за тестовите на коронавирус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.