Рохрабачер изјавил дека Трамп имал еден услов за да го помилува Асанж, а тоа е да каже дека Русија немала врска со објавувањето на електронската пошта на Демократската партија во 2016 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 февруари, 2020 10:39

Трамп сакал да му помогне на Асанж- му понудил помилување но под еден услов

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот републикански конгресмен Дан Рохрабачер во својот исказ пред судот во Лондон, истакнал дека американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.

Рохрабачер изјавил дека Трамп имал еден услов за да го помилува Асанж, а тоа е да каже дека Русија немала врска со објавувањето на електронската пошта на Демократската партија во 2016 година.

Асанж во САД се соочува со казна од 175 години затвор поради обвиненија за обид за хакирање, истекување доверливи информации и шпионажа. 

Наводно Трамп поставил услов Асанж да објави дека Русите не учествувале во протекувањето на електронската пошта на Хилари Клинтон што ѝ наштети на нејзината кампања за претседателските избори во 2016 година кога тој победи.

Обвинението беше објавено на 11 април лани, откако Асанж беше уапсен претходно истиот ден во еквадорската Амбасада во Лондон, во која се засолни во 2012 година за да не биде екстрадиран во Шведска под обвинение за сексуален напад.

Асанж (47) е во затвор во Лондон откако Еквадор му го укина азилот и на тој начин спречи понатамошен престој во зградата на амбасадата на Еквадор во Велика Британија. Во Лондон против него се води судска постапка на која се одлучува дали да биде екстрадиран во САД.

Инаку вчера кралицата Елизабета донесе одлука дека нема да се меша во политичките прашања, и нема да му помогне на Асанж.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.