По третата историска средба на лидерите на Северна и Јужна, Ким Џонг ун и Мун Џае ин, гласно произлезе идејата за повторно обединување во една држава, Кореја

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 13:28

Трамп: Светот се промени за една година

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп, една година откако во ОН најостро го критикуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун, нарекувајќи го „човек- ракета во самоубиствена мисија“, сега вели дека светот во меѓувреме се променил.

 Светот беше поинаков. Беше тоа опасно време. Мина една година, времето многу се измени. – рече Трамп, пред се мислејќи на Ким Џонг ун.

Тој додаде дека државниот секретар Мајк Помпео подготвува втор состанок меѓу Трамп и Ким “многу брзо”.

Трамп во ОН ќе разговара со јужнокорејскиот претседател Мун Џае ин, по состанокот на двете Кореји, кој се случи минатата недела.

Се очекува Мун да го запознае американскиот претседател со најновиот предлог на Северна Кореја да се откаже од нуклеарната програма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.