Трамп во воздушната база во Баграм стигна околу 20:30 часот по локално време и со војниците се задржа три часа.

Објавил: admin@magazin | 28 ноември, 2019 21:37

ТРАМП ЈА ИЗНЕНАДИ АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ВО АВГАНИСТАН: Претседателот на САД дојде во посета за “Денот на Благодарноста”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на САД, Доналд Трамп дојде во изненадена посета во Авганистан, за да ги посети американските војници за “Денот на Благодарноста”

Трамп во воздушната база во Баграм стигна околу 20:30 часот по локално време и со војниците се задржа три часа.

Американскиот претседател пред повеќе од два месеци ги прекина мировните договори со талибанците, откако во бомбашкиот напад во Кабула загинаа 12 лица, меѓу кои и еден американски војник.

Трамп и неговата сопруга Меланија, минатата година за Божик отпатуваа во Ирак. Подпретседателот Мајкл Пенс исто така оваа недела ги посети американската војска во Ирак.

Американскиот претседател Доналд Ттрамп, пред повеќе од два месеци ги прекина мировните договори со талибанците, откако во бомбашкиот напад во Кабула загинаа 12 лица, меѓу кои и еден американски војник.

Минатата недела двајца американски војници загинаа откако нивниот хеликоптер се урнал во Авганистан, соопшти војската на САД, не откривајќи детали.

Меѓутоа талибанците тврдеа дека тие го урнале леталото.

Во соопштението на американската војска е наведено дека е покрената истрага, истакнувајќи дека прелиминарните извештаи не покажуваат дека во прашање бил непријателски оган.

„АП“ пренесува дека талибанците тврдат дека го урнале хеликоптерот во источната провизија Логар и дека има многу жртви.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.