– Иако сум сигурен дека тие радо би преговарале со нова администрација за да продолжат да ги измамуваат САД (600 милијарди долари годишно) подолго од 16 месеци, тоа е долг период за поднесување долгорочни загуби во работни места и компании. – додаде американскиот претседател.

Објавил: Весна Петровска | 3 септември, 2019 23:06

ТРАМП ЈА ПРЕДУПРЕДИ КИНА ДА НЕ СИ ИГРА СО ВРЕМЕТО: Замислете што би се случило кога ќе победам на изборите! Условите ќе бидам многу СТРОГИ!

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупредуи денеска Кина да „не си игра со времето“во трговските преговори во надеж да тој не победи на претседателските избори во САД во 2020 година.

– Замислете што ќе и се случи на Кина ако победам. – напиша на Твитер.

– Иако сум сигурен дека тие радо би преговарале со нова администрација за да продолжат да ги измамуваат САД (600 милијарди долари годишно) подолго од 16 месеци, тоа е долг период за поднесување долгорочни загуби во работни места и компании. – додаде американскиот претседател.

„Одмазничкиот потег“ следи откако САД објавија листа со околу 1.300 кинески увозни производи за кои планираат да воведат данок од 25 проценти.

Кинеското стопанство е сѐ помалку зависно од извозот во изминативе години, така што воведените даноци нема драстично да се одразат. 18,2% од увозните производи во САД во 2016 година биле од Кина.

Економистите сметаа дека Кинезите нема да ја сфатат листата многу сериозно, имајќи го предвид видот на засегнатите стоки. Напротив, сметаат дека главната последица ќе биде повисоки цени за американските производители, а на крај и за потрошувачите.

Тоа можеби нема да биде доволно за да се убеди администрацијата на Трамп да избере друга стратегија.

Во оваа етапа, ако САД не ги исполнат „заканите“, ќе изгубат кредибилитет и образ, велат аналитичарите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.