Новинарот Гарет М. Граф напиша книга „Единствени на небото: Усмена историја за 9/11“. Книгата наскоро ќе биде објавена, а дел медиуми објавија извадоци од неа.

Објавил: Узунов Бобан | 12 септември, 2019 8:55

Транскрипт од разговор открива што се случувало во Белата куќа за време на нападите на 11 септември

Фото/Текст извор: ©магазин

По 18 години од киднапирањето американски авиони и терористичките напади од 11 септември 2001 година, во кои загинаа 2.983 лица, новинарот Гарет М. Граф напиша книга „Единствени на небото: Усмена историја за 9/11“. Книгата наскоро ќе биде објавена, а дел медиуми објавија извадоци од неа.

Извадоците се темелат на транскрипти од повици на 911 и снимање звуци од пилотска кабина од 11 септември како и на архивски разговори со клучни учесници водени по 2002 година и дополнителни интервјуа кои до пролетта ги водел авторот на книгата.

Оние кои тој ден биле во Белата куќа рекле дека им било наредено да се засолнат во бункер што за првпат тогаш бил употребен, а изграден за време на Студената војна.

Дик Чејни, потпретседател: На радар е регистриран авион што се движи кон Белата куќа со 500 милји на час.

Луис Скот Либи, шеф на Кабинетот на потпретседателот Дик Чејни: Дознавме дека авионот е оддалечен пет милји, паднал под 500 метри во висина и не може да се најде, го снема. Погледнете го вашиот часовник и размислете, оддалечен е 5 милји и се движи со 500 милји на час.

Дик Чејни: Агентот на тајната служба рече: „Господине, мора веднаш да заминеме“. Тој ме грабна и ме одведе до подземното засолниште на Белата куќа.

Кондолиза Рајс: Дојдоа агенти на тајната служба и рекоа: „Мора да заминете во бункерот“. Се сеќавам дека ме водеа, скоро ме носеа по патот. Не знаевме каде бевме безбедни и каде не бевме. Во тој момент, не мислевме дека бункерот во Белата куќа е безбеден.

Поручник Хетер Лаки Пени: Имавме намера да удриме во авионот. Немавме никакви проектили со кои би го собориле авионот. Додека земавме опрема, Сас ме погледна и рече – Ќе се залетам во пилотската кабина. Јас одлучив да одам кон задниот дел од авионот.

Потполковник Марк Сасвили: Немавме баш многу опции.

Во последните минути од летот на „Јунајтед ерлајнс 93“, патниците и екипажот користеле телефони од своите места за да ги повикаат пријателите, семејствата и операторите на „Јунајтед ерлајнс“ и да ги известат за киднапирањето.

Неколку минути пред 10 часот попладне, патник на „Јунајтед лет 93“ Едвард Фелт, оженет 41-годишник со две деца, кој патувал по работа како компјутерски инженер за системот БЕА, повикал 911 од авионот и го добил офицерот Џон Шо од округот Вестморленд, Пенсилванија.

Тоа беше првиот сигнал до властите во Пенсилванија дека над нив има проблеми.

Ова е скратен транскрипт од тој повик.

Ед Фелт: Киднапирање во …

Џон Шо: Извинете? Еј, некој пријавува …

Фелт: Киднапирање во тек.

Шав: Господине, те губам, каде си?

Фелт: Јунајтед лет 93.

Шав: Чекајте малку, почекајте летот на Јунајтед. Лет на Јунајтед 93.

Фелт: Киднапирање е во тек!

Шав: Во ред, каде си сега? Каде се наоѓате?

Фелт: Јас сум во тоалетот на Јунајтед лет 93.

Шав: Во ред, каде сте?

Фелт: Не знам.

Шав: Каде сте?

Фелт: Не знам каде се наоѓа авионот.

Шав: Од каде полетавте?

Фелт: Од Њуарк до Сан Франциско.

Шав: Разбрав. Океј, останете на врска.

Фелт: Се обидувам … (неразбирливо) во тоалетот. Не знам што се случува.

Шав: Еј, некој да ја повика ФАА во Њуарк и Сан Франциско и да им каже дека имаат киднапирање во тек. Океј, повикај некој на аеродромот. Имаме киднапирање во тек.

Транскрипт на звучни записи во пилотската кабина на летот 93 на Јунајтед ерлајнс

9:57

Глас на арапски: Што е тоа?

Глас на арапски: Тепачка?

Глас на арапски: Да?

Глас на арапски: Ајде момци. Алах е голем. Алах е голем. О, момци. Алах е голем.

Глас на арапски: О Алах. О, Алах. О, ти најмилостив.

(Звуци на борба)

Глас на англиски: Остани позади.

Глас на англиски јазик: Во пилотската кабина! Во кабината!

Глас на арапски: Тие сакаат да влезат внатре. Држете, држете одвнатре. Држете внатре.

Глас на англиски: Држете ја вратата.

Глас на англиски: Запрете го.

Глас на англиски: Седнете. Седнете. Седнете.

Глас на арапски: Има некои луѓе. Сите тие момци.

Глас на англиски: Ајде да ги зграбиме.

Глас на англиски: Седнете.

Глас на арапски: Верувајте во Алах и во него.

10:03

Глас на арапски: Алах е голем.

Глас на арапски: Алах е голем.

Глас на арапски: Алах е голем.

Глас на англиски: Не!

Глас на арапски: Алах е голем. Алах е голем.

Глас на арапски: Алах е голем. Алах е голем.

Во 10:03 часот, летот 93 на „Јунајтед ерлајнс“ се урна во напуштен рудник за јаглен во округот Сомерсет, Пенсилванија. Сите 40 патници и членови на екипажот загинаа, како и четворица киднапери.

Алис Ен Хоглан, мајка на Марк Бингам, патник на „Јунајтед лет 93“: Посебноста на летот 93 е што е во воздухот остана подолго од другите летови. Луѓето во авионот ја дознаа судбината на другите три лета и се обидоа да ги спречат киднаперите знаејќи дека нема да можат да го спасат својот живот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести