Аферата Рекет само ги потврди сомневањата дека првиот човек на СЈО е носител на криминални активности во кои се вклучени и многу други.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 септември, 2019 13:15

Трајанов: “Првиот човек на СЈО е носител на криминални активности во кои се вклучени бизнисмени и политичари„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот пратеник и министер Павле Трајанов, кој е и лидер на вон парламентарниот Демократски сојуз, на социјалните мрежи напиша дека според него во аферата Рекет се вклучени многу бизнисмени, политичари, новинари и судии.

– Аферата Рекет само ги потврди сомневањата дека првиот човек на СЈО е носител на криминални активности во кои се вклучени и многу други, вклучително и бизнисмени, политичари, новинари, судии итн, објави Трајанов на Фејсбук.

Вчера се одржа средба меѓу државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во просториите на Специјалното јавно обвинителство каде се договараа деталите како ќе се преземат предметите што ги води СЈО.

Во текот на вчерашниот ден преку допис, СЈО потврди дека е подготвено веднаш да ги предаде сите предмети, списи и докази до Јавното обвинителство.

„Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за
Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, неопходно е ова Обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Павле Трајанов бил аналитичар, началник на одделение, началник на сектор за анализирање и истражување на безбедносни појави, советник, потсекретар на Службата за јавна безбедност, помошник министер за оперативни работи и министер за внатрешниработи (1998-1999 година).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...