. Над четири илјади тони се стигнати во текот на минатата година. Никој нема точна евиденција колку отпад е внесено во Македонија, а освен Цементарница Усје, веројатно има и други фирми што користат отпад како енергенс.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 февруари, 2020 20:30

Трајанов се изнервира : Увезуваме масло кое е канцерогено, со отпадот раководи мафијата!

Фото/Текст извор: ©миа

Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов смета дека претседателот на државата треба да го свика Совет за безбедност за да им се дадат насоки на надлежните институции и да се формира оперативно координативно тело што ќе истражи кој и каков отпад внесува во државата зашто тоа, како што рече, тоа е најпрофитабилен бизнис и со сите зделки од увозот раководи мафијата.

-Во нашата држава се внесува опасен отпад. Со загадувањето се прави своевиден геноцид врз граѓаните и се загрозува националната безбедност. Затоа ова прашање мора да биде од највисок приоритет. Треба да се вклучи Агенцијата за разузнавање зашто отпадот, нафтата, нафтените деривати, доаѓаат од странство.

Треба да се соберат информации од странство. Треба да се вклучат одделите на МВР за организиран криминал, Финансиската полиција, УЈП и Агенцијата за национална безбедност зашто ним им се на располагање сите методи и технички средства да разоткријат евентуална злоупотреба на отпад или други енергенси што пристигнуваат во државата. Сите тие да формираат силно оперативно координативно тело што ќе работи на попречување на загадувањето. Ова е борба со мафијата која располага со отпадот, изјави Трајанов пред почетокот на трибината што ја организираше неговата партија.

Од 1998 до 1999 година бил министер за внатрешни работи.
Претседател е на партијата Демократски сојуз. Пратеник бил во Собранието на Македонија во периодот 2006-2008, 2008-2011, 2011-2014, 2014-2016 г. Од 2017 година во Владата на Република Македонија е именуван за Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македониј

Додаде дека и нафтата и мазутот што се користат во земјава не се според стандардите и дека деновиве, како што рече, има силни информации дека во нашата држава и во Косово се увезува масло за кое анализите на хрватските власти покажале дека е канцерогено, а илјадници тони се веќе внесени во нашата држава.

– Затоа апелираме да се вклучат, да не ги контролираат само декларациите, туку клучно е товарот и тоа што се внесува во државата. Првпат е направена контрола на отпадот за енергенс што доаѓа од Италија преку солунското пристаниште. Над четири илјади тони се стигнати во текот на минатата година. Никој нема точна евиденција колку отпад е внесено во Македонија, а освен Цементарница Усје, веројатно има и други фирми што користат отпад како енергенс. Исто е и со нафтата и нафтените деривати. Се знае за една компанија зад која стои една силна политичка партија која ги добива сите тендери за снабдување со нафта и мазут, и тоа со ниски цени, истакна лидерот на Демократски сојуз.

На трибината, насловена „Мафијата и загадувањето“, учествуваше и Невена Георгиевска, претставник на Граѓанската иницијатива О2, која побара Собранието итно и пред распуштањето да го стави на дневен ред предлогот за измената на Законот за управување со отпад, предложен од партијата ДОМ.

-Проблемите не се решаваат само со оваа измена која е едно од барањата, но бидејќи може да се исполни во краток рок. Парламентот работи уште неколку дена. За големи измени во законот нема време, меѓутоа постои нацрт на нов закон кој беше во процедура и тука ние заедно со другите граѓански иницијативи ќе влијаеме многу повеќе да се средат сите работи. Зашто законот има многу недоречености. Не е добро дефинирано – некаде стои опасен, некаде само увоз на отпад. Проблемот е голем. Ветија дека ќе го стават на дневен ред на следната седница и ќе се изгласа. За понатаму ни претстои голема борба, рече Георгиевска.

Предложената измена за забрана за увоз се однесува на отпад како енергенс, не како суровина, но понатаму, како што рече, ќе бараат повеќе. Додаде дека проучиле многу конвенции, меѓу кои и Базелската конвенција и дека многу соседни земји имаат забрана на секаков отпад. МИА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика