Заклучно со 2 октомври, во државата вкупно се вакцинирани 789.802, а ревакцинирани 734.023 граѓани. Трета доза вакцина досега примиле 329 лица. Над 47% од полнолетната популација во државата примила една доза вакцина, а 44% се ревакцинирани.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 октомври, 2021 16:08

Трета доза вакцина против Ковид-19 за сите

Фото/Текст извор: ©магазин

Заклучно со 2 октомври, во државата вкупно се вакцинирани 789.802, а ревакцинирани 734.023 граѓани.

Препораката од Комитетот за имунизација е да освен повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина да добијат и било кои други граѓани без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради зголемените контакти поради видот на работата и работното место и се со зголемен ризик да заболат од вирусот Ковид 19. Ова се препораки кои ги следат препораките на други европски земји и САД, кажа министерот за здравство д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми.

Заклучно со 2 октомври, во државата вкупно се вакцинирани 789.802, а ревакцинирани 734.023 граѓани. Трета доза вакцина досега примиле 329 лица. Над 47% од полнолетната популација во државата примила една доза вакцина, а 44% се ревакцинирани.

На територија на цела државата од вкупното населени, 38,2 % примиле една доза вакцина. Според општини, најмногу вакцинирани – со две дози над 18 години: Вевчани 72,3%; над 60% Гевгелија, Демир КАпија, КАвадарци, Неготино, Охрид; Над 55% – Росоман, Ресен, Дојран, Дебарца, Богданци, Битола и Берово; Под 30% Липково, Македонска Каменица, Ново Село.

Во моментов располагаме со 260.000 дози вакцини од производителот Фајзер, 45.000 дози од вакцината Синовак и 100.000 дози од вакцината Астра Зенека. Почнувајќи од денеска вакцинацијата во главниот град се довива во 7 те Поликлиники и тоа во две смени работат поликлините во Букурешт, Јане Сандански и Чаир. Во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари. Граѓаните секаде без закажан термин, каде било, може да примат вакцина, ревакцина или трета доза.

Последната анализа на бројот на позитивни, хоспитализирани и смртни случаи од вакцинирани уште еднаш го потврдуваат фактот за ефикасноста на вакцините. 77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани, дури 85% од смртните случаи во период од 6 август до 26 септември биле невакцинирани.

Министерство за здравство

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...