Поточно тој го обвини Николче Петковски поранешниот претседател на управниот одбор за пропаѓањето на банката.

Објавил: Владо Марин | 15 август, 2020 10:07

Трифун Костовски: Жал ми е за моите клиенти, јас гол сум се родил, гол ќе си умрам!

Фото/Текст извор: ©fokus

Бизнисменот Трифун Костовски вчера попладне како мнозински акционер во Еуростандард банка се појави на прес конференција со неговиот син и ја обвини Народната банка и потесното раководство на управниот одбор на банката за нејзиното пропаѓање!

Поточно тој го обвини Николче Петковски поранешниот претседател на управниот одбор за пропаѓањето на банката.

Според него Народната банка е неспособна и донела избрзана одлука.

Најавија кривични пријави против претходниот управен одбор и најавија дека правдата ќе ја бараат пред меѓународните институции со оглед дека тоа е странска инвестиција. Рече дека Петковски ги пренел жедни преку вода.

Народната банка во средата ја затвори Еуростандард банка поради неисполнување минимални законски услови за работење.

Според гувернерката Анита Ангеловска- Бежоска затворањето на Банката воопшто нема да ја доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем, а сите депозити на штедачите ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови. Народната банка ќе се достави предлог до надлежниот суд за отворање стечајна постака во Еуростандард банка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести