ВМРО-ДПМНЕ обвинува

Објавил: admin@magazin | 10 април, 2019 9:00

Тричковски посака Милошоски да умре, МВР и ОЈО молчат за заканите и говорот на омраза

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

СДСМ се во страв и паника затоа што знаат дека ги губат изборите и ја немаат довербата од народот. Токму затоа се впуштија во сценарио за ширење на страв и закани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во последните неколку дена јавноста е сведок како членови и активисти на СДСМ јавно се закануваат и шират говор на омраза, а сето тоа поминува без осуда од власта и без реакција на МВР и Јавното Обвинителство.

Впрочем ова не е прв пат Тричковски да шири говор на омраза, а МВР и Јавното Обвинителство да не реагираат. Претходно тој повикуваше на убиство на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но ниту тогаш не надлежните не презедоа ништо против него и немаше покренато обвинение против него”, смета партијата.

,,Еден од мегафоните на власта, новинарот Бранко Тричковски јавно повика на насилство и убиство кон пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, само затоа што ја прецртал Северна од името како претставник на Советот на Европа, а надлежните молчат. Иако СДСМ ветуваа дека ќе се санкционира говор на омраза, за институциите јавен повик на убиство не е доволен за да реагираат.

Според нив, за нервозата и паниката во власта сведочи неодамнешната случка во скопски Аеродром, кога партиски активист на СДСМ, вербално и физички нападна член на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ, кој го снимаше како нервозно ги кине плакатите на професорката Силјановска Давкова. Од активисти на СДСМ, беше сторено и тешко кривично дело попречување на изборната кампања, откако нападнаа и им го одзедоа рекламниот материјал за изборите на младите активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

,,За ниту еден од овие случаи СДСМ не се оградува, не ги осудува, а надлежните не реагираат. Очигледно е дека стравот од губење на изборите е голем и СДСМ веќе не бира ни средства како да ги заплаши граѓаните. МВР и ЈО мора да се одважат и да излезат од спрегите на власта за да ги истражат овие случаи и да ги казнат виновниците. Ширењето на страв, заканите, нападите и говорот на омраза не смее да останат неказнети. Неспособниот СДСМ единствениот начин да остане на власт го гледа преку закани и уцени. Граѓаните на Република Македонија не заслужуваат да живеат во паника и страв. Тие заслужуваат подобро.

Токму затоа на претседателските избори неопходна е победа на професорката Гордана Силјановска Давкова за веднаш потоа да следат предвремени парламентарни избори и СДСМ конечно да замине, за да може да дојде подобро утре за Република Македонија и граѓаните”, се додава во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести