Тие што го премолчуваат и органите што не реагираат се соучесници на ова зло и на овој срам.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 ноември, 2019 20:55

ТРИЧКОВСКИ СО СРАМЕН СТАТУС: Имав чувство како да му ја сечам главата на Владимир Милчин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот Бранко Тричковски, на социјалните мрежи напиша ужасен статус на омраза за режисерот Владимир Милчин. Во статусот вели дека кога ја сечел јапонската цреша во дворот на Моника Белучи, имал чувство како да му ја сече главата на Владе Милчин.

Цреши
Кога ја сечев јапонската цреша во дворот на Моника Белучи, имав чувство како да му ја сечам главата на Владе Милчин: Имаат слична крошна, тврди се и бесплодни, пишува Тричковски.

Срамотен статус на новинарот Бранко Тричковски!

Веднаш после овој скандалозен статус реагираше новинарот Бранко Геровски, во кој напиша дека ова е говор на омраза што поттикнува насилство.

Ова не е само навреда. Ова е говор на омраза што поттикнува на насилство. Тие што го премолчуваат и органите што не реагираат се соучесници на ова зло и на овој срам.

Сечењето на јапонските црешни, велат од Град Скопје, било на иницијатива на Општина Центар затоа што дрвјата биле болни, суви, без можност да бидат спасени и опасни за минувачите.

„По барање на Општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршија сечење на 14 целосно суви јапонски цреши од едната страна на улицата „Максим Горки“. Сакаме да нагласиме дека дрвјата беа целосно исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени.

Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги чистат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата.

Дрвјата во состојбата во којашто се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност по безбедноста на минувачите на овој фреквентен потег, како и по безбедноста на имотот на граѓаните“, велат од Град Скопје и уште најавуваат дека во понеделник на овој потег ќе бидат засадени 18 нови јапонски цреши и ќе биде обновен овој дрворед што го краси центарот на нашиот град.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...