Македонскиот тим кои се натпреваруваше на јуниорската олимпијада,се закити со три бронзени медали во Боцвана.

Објавил: admin@magazin | 12 декември, 2018 16:38

Три бронзени медали за јуниорскиот Македонскиот тим во Боцвана

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Тимот од Република Македонија кој учествуваше на 15-та Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки што се одржа од 2. до 11. декември 2018 година во Габоране, Боцвана освои три бронзени медали.

На олимпијадата зедоа учество 46 земји од пет континенти, односно околу 250 натпреварувачи, ученици помлади од шеснаесет години и околу 150 водачи. Медали од македонскиот тим освоија Мила Ивановска од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола, Дарко Стојчев од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“- Кавадарци и Димитар Џорлев од СОУ „Јане Сандански“- Струмица.

Македонија оваа година учествува по вторпат на оваа престижна олимпијада, која од Министерството за образование и наука е категоризирана во листата на 13 значајни меѓународни натпреварувања.

На свечената церемонија, медалите на учениците од Македонија ги додели амбасадорот на Германија во Боцвана, Ралф Брет.

Македонскиот тим го финансираа Агенцијата за млади и спорт, Фондот за иновации и технолошки развој, градоначалниците на Кавадарци и на Прилеп, и фирмите „Кожувчанка“, „Вардар Доломит“ и „Витаминка“, како и 120 донатори од цел свет кои помогнаа во фондот на социјалните мрежи отворен од Анита Кузмановска Фелдман, дипломиран инженер по хемија од САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...