Истражувачите на змии од Македонското еколошко друштво велат дека во просек, возрасен човек од околу 80 килограми има околу 4 часа да добие лекарска помош

Објавил: Перо Милчин | 21 јуни, 2019 21:02

Три годишно дете каснато од змија во сопствениот двор додека си играло!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Пред неколку денови дете го каснала змија додека си играло во дворот од семејната куќа.

Три годишно дете од дојранското село Фурка, веќе неколку дена е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести, откако прво во гевгелиската болница примило серум против змиски отров.

Оваа змија достигнува вкупна должина (тело и опашка) од највеќе 95 см, иако повообичаено е околу 85 см. Женките се малку поголеми од мажјаците. Единките што живеат во северните краишта се забележително поголеми од оние во јужните. Главата е прекриена со мали неправилни лушпи со мазна или само малку засртена површина, со исклучок на пар големи надочни лушпи што го го надминуваат задниот раб на окото. Околу самото око има 10-13 мали лушпи во два реда кои ги делат од надуснените лушпи. Носната лушпа е голема, единечна (ретко поделена) и одвоена од клунената лушпа со една носноклунена лушпа. Клунената лушпа е поширока, а покуса.

Од каснување на змија поскок освен дететео на Инфективна на болничко лекување е уште една жена, но лекарите велат дека и пациентката и детето се во добра здравствена состојба.

-Освен овие двајца кои сега се на лекување, изминатиот период имавме уште три други кои беа хоспитализирани по каснувањље од змија. Но немаме некои со потешки компликации. По каснувањето најважно е да се преврзџе местото над каснувањето и веднаш да се отиде до најблиската здравствена установа бидејќи сите имаат на располагање од неопходниот серум, вели др. Жаклина Шопова од Клиника за Инфективни болести.

Истражувачите на змии изјавуваат дека возрасен човек од околу 80 килограми има околу 4 часа да добие лекарска помош пред отровот да предизвика компликации во организмот.

-По убодот најважно е да бидеме смирени, да не се крева паника бидејќи во тој случај срцето забрзано работи и отровот многу полесно се дистрибуира низ телото, вели Богољуб Стеријовски херпетолог во Македонско еколошко друштво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...