Семејството Ивона Јовановиќ која е убиена во неделата навечер во станот на поранешното момче во Австрија, со денови е неутешно поради фактот дека некој бездуѓно им ја одзеде. Мајката на Ивона, Дајана Јовановиќ вели дека таа кобна вечер нејзината ќерка и рекла само на кратко ќе излезе. Меѓутоа, таа повеќе не се вратила.

Објавил: Весна Петровска | 13 септември, 2019 13:12

ТРОГАТЕЛНИ ЗБОРОВИ НА ЕДНА МАЈКА: Ми ја убија Ивона, ми го уништија животот!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Ивона таа вечер ми рече дека ќе излезе на кртко. Со момче кое се забавувала пред 10 години, во средното училиште. Мојата Ивониќка сигурно ни на кој било начин не е виновна за ова што и се случило…

Семејството Ивона Јовановиќ која е убиена во неделата навечер во станот на поранешното момче во Австрија, со денови е неутешно поради фактот дека некој бездуѓно им ја одзеде. Мајката на Ивона, Дајана Јовановиќ вели дека таа кобна вечер нејзината ќерка и рекла само на кратко ќе излезе. Меѓутоа, таа повеќе не се вратила.

– Ми рече дека оди надвор само на кратко. Вистина е дека мажот кај кого отиде беше нејзино поранешно момче од средно училиште, но тоа беше пред десет години. Останатите луѓе кои биле во станоти кои побегнале од лице место ние не ги познаваме, вели мајката на Ивона.

Никој од тие луѓе не се обидел ни да ги контактира поради настраданата девојка.

– Мојата Ивончица сигурно не е виновна за тоа што и се случило… Како мајака ќе ја паметам мојата девојка по се се до мојот последен ден, вели скршената мајка.

Таткото на Ивона се сомнева дека поранешното момче Христос Панагагос го повлекол орозот од пиштолот.

– Колку што слушнав, Ивона таа вечер била во друга просторија сама со него, останатите луѓе кои биле во станот со неа немале ништо. Што и да се случило, не е причина да се убие невина и слаба девојка. Тоа е болно. Знаев од претходно за него дека се дрогира и дека продава дрога. Криво ми е што Ивона повторно почнала да се гледа со него, па плати со живот , а нас не остави да патиме цел живот, изјавил таткото на Ивона.

Нејзините родители велат дека истрагата и понатаму е во тек и дека се трага за лицата кои побегнале од станот, како и пиштолот со кој е убиена Ивона.

За потсетување, Ивона била убена со еден куршум во градите во сатнот на нејзиното поранешно момче во неделата околу 20.30 часот. Во станот имало уште четири лица, а групата наводно се подготвувала за излегување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.