Семејството немало доволно финансии за да може да обезбеди итна операција на срцето која била неопходна, па Бидејќи времето истекувало многу брзо,  самиот татко решил да го подари своето срце на неговиот сакан син.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 октомври, 2019 10:53

ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО: Последните зборови на татко кој срцето го подари на својот син

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Колку е голема љубовта на родителите за своите деца доказ е овој татко кој решил да го даде својот живот за неговиот син.

Семејството немало доволно финансии за да може да обезбеди итна операција на срцето која била неопходна, па Бидејќи времето истекувало многу брзо,  самиот татко решил да го подари своето срце на неговиот сакан син.

maxresdefault
Таткото кој своето срце го подари на синот…

Таткото во ниту еден момент не се посомневал во својата храбра одлука.

Најтрогателниот момент бил кога синот го запрашал својот татко: -Тато, а што ќе ми подариш за следниот роденден?

Таквото прашање многу го погодило таткото па решил да му напише писмо на својот син. Насловот на писмото бил „Ти го подарив моето срце“.

Ова е доказ дека многу пари се трошат на бескорисни работи, а овој човек ја немал потребната сума од која зависел нечиј живот, па според него, го направил најразумниот чекор.

Еве кои биле последните зборови на таткото, кои ги напишал во писмото наменето за неговиот син:

„Здраво сине, Ти најдов ново срце… Едноставно посакав да ти кажам неколку нешта. Сакам секогаш да ја слушаш твојата мајка, бидејќи таа е твојата најдобра пријателка и бидејќи семејството е многу важно.

И девојките…Сè уште си мал за нив, но кога ќе дојде време и за тоа, однесувај се кон нив како кон принцези. И доколку си рекол нешто, и доколку си ветил нешто, направи го тоа, бидејќи твојот збор мора да вреди.

И доколку имаш можност да заработиш пари, искористи го тоа, дури и ако тоа понекогаш значи да ја наведнеш главата.

Не биди глупак како татко ти. Сè ќе биде многу полесно, доколку имаш пари. Не пуши цигари, не консумирај наркотици, секогаш обиди се да бидеш добар и чесен човек.

Доколку некој се обиде да те повреди, биди маж и заштити се. И внимавај лошите денови да не те скршат. Во животот има многу убави нешта.

Јас секогаш ќе бидам овде до тебе. Точно тука (посочува кон срцето). Ќе се видиме подоцна сине.

Те сакам! “

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.