Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени!

Објавил: Владо Марин | 27 јули, 2020 8:10

ТРОПСКА ГОРЕШТИНА ВО МАКЕДОНИЈА: Температури до 35 степени

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, попладне во планинските места ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Во текот на следните денови, нашата територија ќе подпадне под влијание на многу топла воздушна маса од југ и истата ќе услови многу високи температури на воздухот. Особено топло ќе биде од среда кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени а времето ќе сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец, во петок, како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има коефициент измеѓу 9 и 10 па затоа граѓаните со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да понесат заштитна опремна (капа и наочари за сонце).

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...