Во најтоплите предели од државава истите се очекува да се искачат до околу 35, 36 степени.

Објавил: Владо Марин | 13 мај, 2020 8:12

ТРОПСКА ГОРЕШТИНА: Температурите ќе се искачат и до 36 степени!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
 
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 28 степени.

И во текот на следните неколку денови под влијание на претежно стабилна и многу топла воздушна маса од југ, времето кај нас ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност.
Повремено и локално ќе има малку повеќе облаци но врнежи не се очекуваат. 
Особено утре и во петок на повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец, повремено на некои места ветерот ќе биде и СИЛЕН.

Максималните дневни температури, од утре ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Во најтоплите предели од државава истите се очекува да се искачат до околу 35, 36 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...