Покрај Франција, државите како Германија, Полска и Чешка исто така бележат рекордни температури за месец јуни.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 јуни, 2019 15:33

ТРОПСКИ ГОРЕШТИНИ ЈА ТРЕСАТ ЕВРОПА: Во Франција измерена највисоката температура во историјата!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Европа ја зафати топлотен бран како што до сега не е забележан. Покрај Франција, државите како Германија, Полска и Чешка исто така бележат рекордни температури за месец јуни.

Во последните неколку недели, голем топлотен бран ја зафати западна Европа, а додека пак вчера во еден француски град била измерена температура од 45,1 степени Целзиусови, со што е срушен најголемиот рекорд од 2003 година, кога биле измерени 44,1 степени Целзиусови во оваа земја, известува „Би-Би-Си“.

Медиумите во Париз извесуваат дека рекордот за највисока температура бил измерен уште вчера, кога таа изнесувала 44,3 степени Целзиусови.

Во Париз поради високите температури три лица ги загубија животите. Исто така во Дубровник вчера се измерени 37,3 степени Целзиусови, со што е соборен температурниот рекорд.

Медиумите јавуваат дека градот е зафатен со таканаречената фенска бура, поради што и во вечерните часови Дубровник беше најтопол град со 33 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести