Околу 300 државјани на Косово се бореле за Исламска држава

Објавил: admin@magazin | 29 јуни, 2018 21:34

Тројца уапсени во Косово под сомнение за тероризам

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Косовската полиција соопшти денеска дека уапсила три лица осомничени за тероризам, додека четврто лице е уапсено во Германија врз основа на меѓународна потерница издадена од косовски суд.

Апсењата се извршени во два косовски града по повеќемесечна истрага.

Не е познато дали осомничените планирале терористички напади.

На почетокот на месецот на Косово биле уапсени две лица под сомнение дека планирале напади врз војници на НАТО.

Според податоците на косовските власти, околу 300 државјани на Косово отишле да се борат за Исламска држава во Сирија. Над 50 загинале, а останатите се сметаат за потенцијална опасност ако се вратат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.