Загинатото лице се возело во автомобилот „голф“ со српски регистарски таблички, кој по судирол излетал од патот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 септември, 2019 22:53

Тешка сообраќајна несреќа кај Врање меѓу македонско и српско возило, има жртви!

Фото/Текст извор: ©магаѕин.мк

Како што пренесува српскиот портал “Телеграф” едно лице загина, а најмалку две се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила во населбата Бресница, недалеку од Врање, Србија.

Во тешката несреќа која се случи во населбата Бресница, недалеку од Врање, Србија учествувале две возила. Загинатото лице се возело во автомобилот „голф“ со српски регистарски таблички, кој по ударот излетал од патот. 

Едно лице, со тешки телесни повреди опасни по живот, починало во Здравствениот центар 45 минути по приемот, потврдила за српските медиуми докторката Милена Антиќ, специјалист за ургентна медицина.

Во другиот автомобил полесно повредени се двајца македонски државјани. Тие се враќале од Холандија, каде само што го купиле автомобилот.

Повеќе детали се најавени за подоцна. Увидот е во тек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...