Стандарди, правила, протоколи… Така се организира држава.

Објавил: Перо Милчин | 10 април, 2020 13:53

Турбо пи-ар! Курчење до бесвест- И после ќе се чудиме зошто ни се случува ова што ни се случува!

Фото/Текст извор: ©Плус инфо

Е навистина блескате, другарки и другарчиња, дами и господо! Во еден ден, здравствените власти во Македонија ги испратија во принудна изолација двајцата водечки политички лидери, Зоран Заев и Христијан Мицкоски! Да, да, звучи како грд виц, како црн хумор, но ете, вистина е. А се потсмевавме на неодговорноста и на индолентноста на британскиот премиер Борис Џонсон.

Да бевме нормално општество, кое не мора баш да блеска, туку само да функционира на некакво ниво на примарна организираност, за државните раководители и за водечките политички личности ќе имавме посебни протоколи за однесување во вакви екстремно кризни и опасни ситуации. Можеби и имаме такви протоколи, а никој не ги знае.

Ако ништо друго, барем знаеме дека во светот има такви правила.

На пример, познато е дека претседателот и потпретседателот на САД никогаш не патуваат заедно. Смислата на овој протокол е едноставна – ако еден од нив двајцата загине, другиот мора да продолжи да раководи со државата. Патем речено, моделот е успешно тестиран по атентатот врз Кенеди во Далас.

Му се лутам и на Филипче, поради неговиот опортунизам, поради тоа што постојано се „покрива“ со мислењето на неговата комисија и што не се охрабри до сега да покани барем еден странски експерт да дојде во Македонија и да ги посоветува нашите епидемиолози. Па не е сиот ум на овој свет собран во Скопје и тоа баш во таа славна комисија со која Филипче се советува!

Познато правило кај нас е дека во службено возило ВИП личноста секогаш седи на задното седиште, никогаш на предното – покојниот Киро Глигоров не го почитуваше тоа правило и кога се случи атентатот во 1995 година, се најде на предното совозачко седиште. Прашање е дали ќе беше толку многу повреден ако го почитуваше правилото.

Стандарди, правила, протоколи… Така се организира држава.

И сега, во услови на пандемија, за важните личности во земјата, од чие учество во организирањето на битката против невидливиот и опак непријател зависи и здравјето на обичните граѓани, мора да постојат строги правила на однесување, еднакво строги како и препораките кои важат за сите граѓани – седете дома! – па дури и уште построги. Наместо тоа, ние со недели гледаме една неодговорна променада на овие личности од прес-конференции, средби на разни нивои, ашкање „на терен“ и безбројни телевизиски интервјуи секоја вечер.
Турбо пи-ар! Курчење до бесвест! И после ќе се чудиме зошто ни се случува ова што ни се случува…

До пред извесно време, дури и редовните прес-конференции во Владата (а ги имаше по неколку дневно!) беа организирани во формат на собиранки на „храбрите“. Демек, да ги видиме „јунаците“, „хероите“ во битката со пандемијата. И политичарите, ама и новинарите. Замислете, се организираше дури и брифинг со главните уредници на медиумите. Малку им беа пресовите, им беше дошло до брифинг!

На уредната покана за овој настан, редакцијата на Плусинфо одговори дека нема да биде застапена поради препораките за социјално дистанцирање и замоли за заклучоците од брифингот да биде известена по писмен пат. Можам да замислам каков бил коментарот на „јунаците“ од владиниот агитпроп…

И сега, прашувам, што ќе се случи ако се утврди дека се суспектни и премиерот, некои од министрите, можеби дури и самиот министер за здравство? Кој ќе раководи? Кој ќе биде одговорен?

Дали комисијата од епидемиолози, на чие мислење Филипче постојано се повикува, предложила некаков протокол за државните раководители и за водечките политички личности? Се вџашив кога во едно интервју, на прашањето дали е тестиран, самиот Филипче ноншалантно изјави дека не бил тестиран, бидејќи немал симптоми.

Така било согласно со препораките на неговата славна комисија – кој нема симптоми, не треба да се тестира.
Алооооо! Какви се тие будалштини, ве молам?!

Министерот Филипче, премиерот, министерот за внатрешни работи, министерките за одбрана и за финансии, гувернерката на централната банка, шефовите на клиниките и клучниот медицински персонал, како и лидерите на водечките партии, сите мора да се тестираат најмалку еднаш неделно!

Имале или немале симптоми. Дали и тоа не ви е јасно?

Освен тоа, на сите овие личности некој морало да им каже (а ако не послушале и да им нареди), дека за нив многу повеќе одошто за другите граѓани, мора да важат мерките за социјално дистанцирање – од една страна, зашто е потребно да останат здрави за да ја организираат борбата против пандемијата; од друга страна, тие треба да им дадат пример на граѓаните како да се однесуваат.
Јас не им се лутам на двајцата лидери.

Напротив, веднаш по непријатната вест, лично им посакав да бидат негативни на тестовите и да се чуваат. Им се лутам на експертите, кои очигледно не умеат да воспостават цврсти и сериозни правила на игра за сите.

Се надевам дека со Зоран Заев и со Христијан Мицкоски, како и со нашиот колега новинар кој е позитивен и е на лекување, се ќе биде во ред. Но, од оваа навистина неславна епизода, луѓето што го водат „шоуто“ навистина треба да извлечат многу сериозна поука.

Му се лутам и на Филипче, поради неговиот опортунизам, поради тоа што постојано се „покрива“ со мислењето на неговата комисија и што не се охрабри до сега да покани барем еден странски експерт да дојде во Македонија и да ги посоветува нашите епидемиолози.

Па не е сиот ум на овој свет собран во Скопје и тоа баш во таа славна комисија со која Филипче се советува!

Се надевам дека со Зоран Заев и со Христијан Мицкоски, како и со нашиот колега новинар кој е позитивен и е на лекување, се ќе биде во ред. Но, од оваа навистина неславна епизода, луѓето што го водат „шоуто“ навистина треба да извлечат многу сериозна поука.

Долго време тврдам дека нешто не е во ред со начинот на кој Македонија ја менаџира коронакризата. Под влијание на силната пропаганда дека ние „шампионски“ се справуваме со епидемијата, често сум мета на остри напади поради моите критики. Но еве, нема подобар доказ за тоа што го говорев од фактот што здравствените власти се принудени во рок од 24 часа во принудна изолација да ги пратат двајцата водечки политички лидери во земјата. Простете, но тоа навистина е срамно за Македонија!

Само вие продолжете да трчате по пресови, од едно во друго телевизиско студио, од еден на друг „ивент“ – и немојте ни случајно да носите заштитни маски и заштитни одела. Ах да, не заборавајте и на задолжителните селфија.

Блескајте, само блескајте!

Пишува: Бранко Героски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...