Во хотелите најбарани се тридневните празнични аранжамни, а она за што најмногу се интересирале гостите пред да резервираат е времетраењето на полицискиот час и безбедносните протоколи.

Објавил: admin@magazin | 1 мај, 2021 20:26

Туристите го наполнија Охрид

Фото/Текст извор: ©сител

Велигденските и првомајските празници го раздвижија Охрид. Домашните туристи, но и оние од регионот претежно од Србија и Црна Гора кои организирано доаѓаат преку агенции уживаат во прошетките покрај кејот на езерото но и во разглед на културно историските знаменитости додека во угостителските објекти на летните тераси се бара место повеќе, пренесе Сител!

Но, од она што можеше да се забележи е дека не сите ги почитуваа мерките за заштита, дел од нив не носеа маски, а има и групирања.

Во хотелите најбарани се тридневните празнични аранжамни, а она за што најмногу се интересирале гостите пред да резервираат е времетраењето на полицискиот час и безбедносните протоколи. 

Бродарите на гостите им ги нудат убавините на Охрид од еден поинаков агол. Најбарани тури по езерото се панорамските прошетки до Канео и Свети Наум.

За празниците во градот има засилени полициски и инспекциски контроли кои ги казнуваат прекшителите на мерките за заштита од Ковид-19. Поголема гужва се очекува во доцните часови во верските храмови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.