Ќерката Лејла Ѓулушкен за АА изјави дека состојбата на нејзиниот татко вчера дополнително се влошила и дека повторно се јавиле во болница.

Објавил: Владо Марин | 28 април, 2020 8:03

Турција испрати авион во Шведска за свој државјанин заразен со коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турција испрати авион во шведскиот град Малме за да го преземе турскиот државјанин кому му е дијагностициран коронавирусот, а кого во Шведска одбиле да го примат во болница, јавува Агенција Анадолија (AA).

Емрула Гулушкен (47) е позитивен на коронавирусот, се јавил на лекар, но бил вратен дома.

Неговите ќерки Самира и Лејла побарале помош преку социјалните мрежи, а на нивниот повик одговорил турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа.

„Живеам со семејството во Шведска. Татко ми пред 11 дена доби температура и почна да чувствува потешкотии во дишењето. Се јавивме на лекар, но за жал, никој не дојде. Со денови се јавувавме повеќепати, но никој не одговараше на нашите повици“, вели во видеоснимката објавена на социјалните мрежи Самира Ѓулушкен.

Во меѓувреме, турската Амбасада во Стокхолм и Дирекцијата за турска дијаспора и сродни заедници (YTB) стапиле во контакт со семејството Ѓулушкен. Министерот за здравство, Фахретин Коџа, разговараше со Самира и доби информации за здравствената состојба на нејзиниот татко.

Коџа потоа потврди дека во Шведска ќе биде испратен авион за медицинска евакуација и дека целото семејство ќе биде префрлено во Анталија, пишува тв 21

Ќерката Лејла Ѓулушкен за АА изјави дека состојбата на нејзиниот татко вчера дополнително се влошила и дека повторно се јавиле во болница.

„Потоа пристигна брзата помош, со нас разговараа многу грубо, очигледно лути поради нашите повици. Рекоа дека не можат да сторат ништо против оваа болест. Рековме дека ни е познато дека сè уште нема лек за оваа болест, но дека нашиот татко треба да биде примен во болница за да не биде загрозено и нашето здравје“, рече Лејла Ѓулушкен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...