Ердоган го оствари својот сон, и со "осиромашена" лира, преку финансиска помош од Катар, да не позајмува пари од Меѓународниот монетарен фонд

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 11:55

Турција и Катар потпишаа трговски договор во вредност од 15 милијарди долари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турската лира продолжува да се опоравува од рекордно ниските вредности на кои беше на почетокот на оваа недела, кога вредноста на валутата падна на само 15 отсто од вредноста на почетокот на оваа година.

Лирата вчера порасна на 5,8 лири за долар, и тоа во голема мера благодарение на ветувањето на Катар дека ќе инвестира 15милијарди долари во Турција. 

Ова го вети емирот на Катар, шеикот Тамим бен Хамад ал-Тани, кој сака да му помогне на турскиот финансиски сектор. Засега тоа би требало да и овозможи на Турција да ја постигне својата цел – да не позајмува од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Со цел да ја зајакне лирата, турската централна банка им ја отежна на банките размената на валути и ја ограничи можноста странските финансиски компании да купуваат лира.

Германската канцеларка Ангела Меркел пред два дена разговараше со турскиот претседател Ердоган и му даде поддршка велејќи дека турската економија е важен партнер на Германија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.