Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговите партнери во владата се договорија да не ја продолжуваат вонредната состојба во земјата, која истекува во јули,

Објавил: admin@magazin | 28 јуни, 2018 12:00

Турција ја укинува вонредната состојба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вонредната состојба беше воведена по неуспешниот државен удар во 2016 година и беше продолжувана на секои три месеци.

Ердоган претходно месевов изјави дека таа ќе биде укината ако победи на изборите, кои се одржаа минатата недела и на кои Ердоган го обнови својот претседателски мандат, а неговата Партија на правдата и развојот со партнерите освои мнозинство во парламентот.

На 15 јули 2016, се случил обид за државен удар во Турција започнат од група воени службеници. Обидот за државен удар е потврден од страна на турскиот премиер Бинали Јилдирим и претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот Ердоган ги повика луѓето да излезат на улиците против обидот за државен удар.

Турција досега притвори 160 000 лица и отпушти речиси исто толку државни службеници по неуспешниот воен пуч, говорат податоците на ОН.

Од воведувањето во јули 2016, турскиот Парламент досега седум пати ја продолжуваше вонредната состојба на период од по три месеци.

Голем скандал изби кога пред извесно време Ердоган без знаење на Косоваксата влада успеа да уапси лица коие се соминчат дека му помагале на иедологот на пучот во Турција Ѓулен, кој пак сеуште е на слобода во Америка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.