Ердоган изјави дека границите на Турција остануваат отворени за излез на мигрантите кон Грција.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 11 март, 2020 18:45

Турција ќе продолжи да ни ги пушта мигрантите во Европа

Фото/Текст извор: ©алфа

Најголем наплив на мигранти е пред вратите на Европа, откако Ероган изјавува дека ги остава границите на Турција отворени за мигрантите и дека нема да се придржува до договорот со ЕУ за згрижување на мигрантите на територија на Турција. Најпогодена од мигрантската криза засега е Грција. 

Ердоган нема намера да попушти, границите на Турција остануваат отворени за излез на мигрантите.

Турција ќе ги остави границите отворени за мигрантите кои патуваат кон Европа се додека Европска Унија не ги исполни очекувањата на Анкара во врска со Договорот за мигранти од 2016 година, порача турскиот претседател Ердоган. Најави дека ќе го достават својот предлог до Брисел пред самитот на 26 март.

За разлика од нашата јужна граница каде засега ситуацијата е мирна и не се регистрирани инциденти, тензиите на грчко-турската граница не стивнуваат. Припадниците на грчките безбедносни служби со шок бомби и солзавец се борат против напливот на мигранти.

Ердоган рече дека односот на Грција кон мигрантите е споредлив со злосторствата извршени од нацистичка Германија .

Мигрантската криза во последните 24 часа кулминира. Нови бранови на бегалци пристигнуваат пред грчката граница, а спречен бил влез дури на 1646 мигранти во последното деноноќје. Грција е децидна дека ги затвора границите за влез на мигрантите, а во таа одлука има подршка и од државите на ЕУ. Дипломатски претставници од ЕУ дадоа подршка на Грција кога се соочи со првиот бран на мигранти пропуштени од Турција. Тогаш делегатите изјавија дека Грција има клучна улога во очувавање на интегритетот на ЕУ и поради тоа мора сите европски држави да помогнат да се заштити грчката граница. 

Со договорот од 2016 година Турција се обврзува да го спречи приливот на мигранти и бегалци, за чија грижа требаше да добие шест милијарди евра плус забрзување на преговорите за членство во Европската Унија и укинување на визите за турските државјани.

Од Турција досега излегле над триесет и седум илјади мигранти а грчките безбедносни служби спречиле дваесет и четири илјади илегални влегувања во земјата преку границата со Турција.

Од почетокот на 2020 година во Македонија околу 6000 луѓе се фатени во обид да стигнат до западните земји.

Лидерите на Франција и на Германија следната недела треба да се сретнат со Ердоган во Истанбул во обид да се најде решение за новата кризна состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.