Преговори за Македонија или ново разочарување ?

Објавил: Узунов Бобан | 3 октомври, 2019 19:57

Туск, Сасоли и дер Лејен со писмо бараат преговори за Македонија !

Фото/Текст извор: ©магазин

Сите највисоки функционери на Европската унија, претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск,на ЕП Давид Сасоли, поранешниот претседател на  Европската комисија Жан Клод Јункер и актуелната претседателка Урсула Фон дер Лајен, вчера излегоа со заедничко барање да им се дадат преговори на Северна Македонија и на Албанија.

 

Сите највисоки функционери на Европската унија, претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск,на ЕП Давид Сасоли, поранешниот претседател на  Европската комисија Жан Клод Јункер и актуелната претседателка Урсула Фон дер Лајен, вчера излегоа со заедничко барање да им се дадат преговори на Северна Македонија и на Албанија.

-Минатиот јуни се согласивме да донесеме јасна и суштинска одлука за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија најдоцна до октомври 2019 година.

Европската унија е пред стратешкиот избор. Дали ЕУ ќе одлучи сега да ги започне разговорите за пристапување со Северна Македонија и Албанија е тест за способноста на Унијата да ги исполни своите ветувања и да гледа кон иднината.

Нашиот свет трпи брзи промени. Доколку ЕУ треба да ја одржи својата меѓународна улога и да ги заштити своите интереси, преземањето чекор кон интегрирање на оние европски земји кои изразија интерес и ги исполниле барањата за започнување на пристапниот процес ќе помогне да се постигне тоа.

Северна Македонија и Албанија го направија она што побаравме да го направат. За постигнување на тоа се потребни значителни напори од нивните граѓани, за кои европската перспектива е голем извор на мотивација и решеност.

Нема гаранција за успех. Ќе има многу напорна работа на реформите на престојниот пат. Членството нема да се случи преку ноќ. И двете земји се свесни за тоа. Паралелно, соработката со ЕУ ќе се продлабочи, заедно со проширувањето, во взаемен интерес на европските и на граѓаните во земјите-кандидати.

Веруваме дека сега е време да се отворат разговори за пристап со двете земји, се вели во заедничката изјава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.