Дадилката, која поради напад на дете ги разгоре социјалните мрежи, била приведена по пријава од М.А., сопственик на угостителски објект каде Ж.П. го извршила нападот.

Објавил: Перо Милчин | 23 ноември, 2019 23:27

УАПСЕНА НАСИЛНИЧКАТА КОЈА ГО ТЕПАШЕ МАЛОЛЕТНОТО ДЕТЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дадилката монструм која пред два дена претепа дете во игритека, ќе одговара за тешко кривично дело запуштање и малтретирање на дете од чл.201 од Кривичниот законик, за кое е предвидена затворска казна од една до десет години затвор.

Откако камерите ја снимија дадилката Живка. П, како го малтретира и тепа едно од дечињата кои се на престој во игротеката Дежаву, во Скопје, полицијата ја приведе дадилката заради нејзиното агресивно однесување.

Таа е спроведена во истражниот затвор во Шутка, откако ѝ беше определен 30-дневен притвор.

Од фотографиите до кои дојде „А1он“ се гледа како 59-годишната дадилка со лисици на рацете ја изнесуваат од обвинителството.

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен на настани информира дека вчера во 15:57 часот полициски службеници ја уапсиле Ж.П.(59) од Скопје.
Дадилката, која поради напад на дете ги разгоре социјалните мрежи, била приведена по пријава од М.А., сопственик на угостителски објект каде Ж.П. го извршила нападот.

-Тој пријавил дека во игротеката во угостителскиот објект, пријавената физичка нападнала малолетно дете. По преземени мерки било утврдено дека таа била ангажирана да работи како дадилка кај Д.Д.(43) од Скопје и физички го нападнала нејзиниот двегодишен син, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести