Спрема пишувањето на медиумите, се работи за министерот за Образование Ненад Сузиќ (69), кои се сомничи дека сексуално злоставувал девојче веќе подолг период.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 јуни, 2019 19:05

УАПСЕН БИВШИ МИНИСТЕР ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ НА 11 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Полицијата на Република Српска, го уапси бившиот министер на Владата Н.С, осомничен за сексуално злоставување на малолетно девојче од 11 години.

Спрема пишувањето на медиумите, се работи за министерот за Образование Ненад Сузиќ (69), кои се сомничи дека сексуално злоставувал девојче, веќе подолг период.

Осомничениот го допирал девојчето по разни делови од телото, велејќи дека тоа не смее на никого да го кажува.

Како што пишува АТВ, родителите на девојчето минатата ноќ, случајот го пријавиле во полиција, а веднаш после тоа Ненад Сузиќ е приведен во полицијата.

Спрема информациите, осомничениот ја искористувал тешката ситуација во која се наоѓало семејството на несреќното девојче.

Полицијата од Бања Лука, соопшти денеска дека уапсениот Н.С е од Бања Лука, а уапсен е поради извршување на тешко кривично дело, во областа за сексуално злоставување и искористување на малолетно дете.

Како што се наведува од Министерството, Сузиќ работи како редовен професор на Филолошкиот Факултет во Бања Лука, по предметите на општа педагогија и воспитно образовен систем.

Член е на Српската академија на образованието и Руската академија за социјални и педагошки науки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.