Тој е македонски државјанин, но патувал со документи од друга европска земја каде што живеел. Тој има и шведски број на социјално осигурување, бидејќи работел во Шведска.

Објавил: admin@magazin | 12 април, 2019 19:37

ЕКСКЛУЗИВНО: Во Шведска уапсен Дејан Давидовски, обвинетиот за нападот на Собранието на 27 април !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Шведската полиција го уапси Дејан Давидовски, кој е обвинет за тероризам при организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од македонското Обвинителство, од каде што изјавуваат дека Македонија побарала негова екстрадиција.

Шведскиот весник „СВТ нихетер“, објави дека 39-годишниот Дејан Давидовски, по кого пред една година има распишано меѓународна потерница и по кого трагаше Интерпол, е уапсен во Шведска, на аеродромот Скаваста. 

Дејан е македонски државјанин, но тој патувал со документи од друга европска земја каде што и привремено живеел. Има шведски број на социјално осигурување, бидејќи бил со постојано работно искуство во Шведска.

Кога давал изјава за шведската полиција, тој негирал дека ќе има никаква врска со нападот на Парламентот во Република Македонија. По барањето на шведските обвинители, окружниот суд му одредил притвор, бидејќи постои голем ризик обвинетиот да избега надвор од државата!

Од 17 обвинети во упадот во Собранието на 27 април 2017 година, 16 се прогласени за виновни и добија повеќегодишни затворски казни, додека еден обвинет- оперскиот пејач Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Највисока казна од 18 години затвор доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кој во деновите пред и за време на упадот во Собранието бил носител на златна команда во МВР.

Тогашните колеги на Чавков од МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви добија по 15 години затвор, Оливер Поповски- 13 години, а Оливер Радулов- 10 години затвор. Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање е казнет со 15 години затвор, а Абдуљфета Алими е осуден на 7 години затвор.

Од осомничените кои со фантомки влегоа во Собранието, највисока казна добија Јане Ченто, Влатко Трајковски и Никола Митревски-Кољо – по 15 години затвор; Вилијам Михајловски доби 14 години затвор, Игор Југ и Горанче Анѓелковски по 12 години затвор, а Александар Василевски-Нинџа доби 8 години затвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести