Кога тргнал да си замине, бензинот се истурил по подот

Објавил: admin@magazin | 18 април, 2019 9:06

Уапсен маж со бензин и запалка во катедрала на Менхетн во Њујорк

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Њујоршката полиција уапси 37-годишен маж кој синоќа влегол во католичката црква Свети Патрик во Њујорк со канистри со бензин, течен гас и запалка.

Бидејќи осомничениот влегол во катедралата во центарот на Менхетн малку пред осум часот вечерта, му пришол припадник на обезбедувањето, соопшти њујоршката полиција.

Инцидентот се случува два дена по пожарот во париската катедрала Нотр Дам.

Кога тргнал да си замине, бензинот се истурил по подот, а чуварот ја известил полицијата која била распоредена пред црквата.

Тие го привеле мажот на сослушување – изјави Џон Милер, заменик комесар за разузнавање и антитерористички операции на њујоршката полиција.

Тој истакна дека осомничениот носел четири галони бензин, две боци со течен гас и запалка, што било причина за голема загриженост.

Осомничениот и рекол на полицијата дека тој минувал низ катедралата за да стигне од Петтата авенија до Авенијата Медисон, каде комбето му останало без гориво.

Полицијата ги проверила таквите наводи и утврдила дека возилото не останало без бензин. Мажот, кој и е познат на полицијата од претходно, веднаш е уапсен.

На прашањето дали мотивот за инцидентот е „тероризам“, Милер изјави дека „е многу рано да се каже тоа“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.