Ирачката полиција соопшти дека во селото Хавиџа провинцијата Киркук го привела бунтовникот Абу Халдун, кој имал фалсификуван пасош на име Шалан Убејд.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 декември, 2019 10:50

Уапсен новиот лидер на ИД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ирачките безбедносни служби соопштија дека го уапсиле „заменикот“ ликвидираниот лидер на терористичката група Исламска држава.

Ирачката полиција соопшти дека во селото Хавиџа провинцијата Киркук го привела бунтовникот Абу Халдун, кој имал фалсификуван пасош на име Шалан Убејд.
Во соопштението на полицијата се наведува дека уапсениот Халдун бил „воен емир“ во провинцијата Салах ал Дин.

Исламска Држава (скратено ИД; позната и како Исламска Држава на Ирак и Левантот (ИДИЛ) или Исламска Држава во Ирак и Сирија (ИДИС)) е непризната терористичка држава која под своја контрола држи големи делови на Ирак и Сирија. Формирана е на 3 јануари 2014 година, а на 29 јуни истата година била прогласена за калифат. Од март 2015, контролираат територија на која живеат десет милиони луѓе во Ирак и Сирија, и под номинална контрола држи мали делови на Либијa и Нигерија. Исламската Држава исто така оперира или има организации со кои управува во други делови на светот, вклучувајќи ја и Јужна Азија.

Во октомври американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека при операција на американските специјални сили во провинцијата Идлиб во Сирија убиен е лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади. Тогаш Трамп им се заблагодари за помошта при операцијата на Русија, Турција, Сирија и Ирак.

Инаку на 27 ми октмври беше објавена видео снимката од убиството на Абу Бакр ал-Багдади.

Тој беше убиен за време на американскиот напад во Сирија а снимката ќе се емитува на националната телевизија.

Како што објавија британските медиуми ирачката телевизија, истовремено, цитираше и експерт за тероризам кој кажа дека ирачката разузнавачка служба помогнала во лоцирањето на ал-Багдади.

Ал-Багдади е убиен, во нападот на американските специјални единици врз ќелија на групата, пренесоа британските меидуми.

„Нашите извори од Сирија на разузнавачите им потврдија дека тој е убиен, заедно со неговиот личен телохранител, откако  неговото скривалиште во Идлиб било откриено додека се обидувал да го извади своето семејство од регионот и да ги одведе кон турската граница“, изјавил иракиот извор од Сирија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.