Синоќа е убиена триесет и тригодишна прилепчанка од триесет и шестгодишен маж со кого била во љубовна врска. Убиството се случило синоќа во периодот од 21:30 до 22 часот пред очите на нејзиниот 10-годишен син во нивниот дом.

Објавил: Македонка Димкин | 29 декември, 2018 12:37

Убиена 33 годишна прилепчанка, полицијата стандардно: се превземаат дејствија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Синоќа е убиена триесет и тригодишна прилепчанка од триесет и шестгодишен маж со кого била во љубовна врска. Убиството се случило синоќа во периодот од 21:30 до 22 часот пред очите на нејзиниот 10-годишен син во нивниот дом.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 36-годишниот Х.К е приведен бидејќи по претходна вербална расправија со жртвата, со неколку убоди од нож во градниот кош ја убил 33-годишната Е.Г.

Убиството се случило во неговиот дом во населбата „Тризла„ каде дошла жртвата заедно со нејзиниот син.

Според првичната информација од контролата со апарат за мерење на количината на алкохол – дрегер, осомничениот во себе имал повеќе од 2 промили алкохол, а точниот податок ќе се знае откако ќе заврши анализата на крв и урина од осомничениот.

Осомничениот не го напуштил местото на настанот и е веднаш лишен од слобода.

Од Основното јавно обвинителство во Прилеп информираат дека надлежен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи и оти се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење.

Издадена е наредба за обдукција на починатата. Се преземаат сите дејствија за целосно расчистување на случајот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...