Меѓу убиените 12 лица во масовната престрелка во Клаифорнија се еден полицаец и напаѓачот, престрелката се случила во бар

Објавил: Перо Милчин | 8 ноември, 2018 21:08

Убиени најмалку 12 лица, престрелка во бар

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Напаѓачот отворил оган во бар полн со студенти, при што усмртил најмалку 12 лица, по што Лонг се самоубил, соопштија од канцеларијата на шерифот за округот Вентура, Калифорнија.

Шерифот Џеф Дин, соопшти дека уште десет луѓе се ранети во инцидентот Таузанд Оукс, Калифорнија, 65 километри североисточно од Лос Анџелес.

,,Сцената беше ужасна. Крв насекаде‘‘ изјави Шерифот Дин, опишувајќи ја внатрешноста на барот.

Локалните власти јавија дека напаѓачот е идентификуван како 28 годишниот ветеран Иан Дејвит Лонг, кој, како што наведуваат надлежните имал епизоди на неконтролирано однесување, но надлежните сметале дека станува збор за посттрауматски стрес, кој настанал како резултат од служењето во војска.

Меѓу загинатите е и полицискиот наредник Рон Хелус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.