Викнал "Алаху Акбар" и тргнал во полициската станица во Каталонија при што го застрелале на самото место

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 10:36

Убиен вооружен маж кој се обидел да нападне полициска станица во Барселона

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Викнал “Алаху Акбар” и тргнал во полициската станица во Каталонија при што го застрелале на самото место.

Шпанската полиција соопшти денеска дека пукала во маж вооружен со нож кој се обидел да изврши напад на полициска станица во Каталонија.

Регионалната полиција Мосос објави на својот налог на Твитер дека мажот влегол во полициска станица во Каталонија некаде по 4 часот утрово по локално време “со цел да нападне службеници” по што бил застрелан.

Засега не е познато дали напаѓачот починал а портпаролот на полицијата изјави дека не може да открие повеќе детали за инцидентот.

Неофицијално станува збор за 29 годишен маж со алжирско потекло кој имал уредни документи за престој во Шпанија. Инцидентот се случува на само три дена по двојниот терористички напад во Барселона и Камбрис. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.