Тој беше убиен за време на американскиот напад во Сирија а снимката ќе се емитува на националната телевизија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 октомври, 2019 11:31

Убиен лидерот на Исламска држава, Ирачката телевизија ќе емитува снимка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска ирачката национална телевизија соопшти дека ја поседува снимката од убиството на Абу Бакр ал-Багдади.

Тој беше убиен за време на американскиот напад во Сирија а снимката ќе се емитува на националната телевизија.

ДПА јави дека ал-Багдади бил нападнат во рација во северо-западна Сирија, а ЦИА помогнала во неговото лоцирање.

Како што објавија британските медиуми ирачката телевизија, истовремено, цитираше и експерт за тероризам кој кажа дека ирачката разузнавачка служба помогнала во лоцирањето на ал-Багдади.

Во американската воена акција во Сирија се верува дека е убиен лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал-Багдади, пренесоа светските агенции.

Засега, меѓутоа, се уште нема официјална потврда на веста.

Американскиот претседаел Доналд Трамп синоќа на Твитер напиша: „Нешто големо штотуку се случи“.

Инаку денеска портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли, пред јавноста изјави дека Трамп во текот на денот ќе се огласи за овој настан.

За овој настан веќе се огласи Ирак и веќе потврди дека има информација од свои извори во Сирија дека ал-Багдади е убиен, во нападот на американските специјални единици врз ќелија на групата, пренесоа британските меидуми.

„Нашите извори од Сирија на разузнавачите им потврдија дека тој е убиен, заедно со неговиот личен телохранител, откако  неговото скривалиште во Идлиб било откриено додека се обидувал да го извади своето семејство од регионот и да ги одведе кон турската граница“, изјавил иракиот извор од Сирија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...