Екстрадицијата на 43- годишниот Доброслав Гавриќ се очекува во најскоро време, а ќе се обави во стога тајност, и со засилени мерки за претпазливост. По него ќе биде испратен специлано обучен тим на Министерството за внатрешни работи на Србија, а сите претходни детали ќе бидат договорени преку националните бироа на Интерпол. Во земјата од која побегна пред 14 години ќе биде вратен со редовна авиокомпанија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 февруари, 2020 14:37

Убиецот на Аркан тајно ќе биде екстрадиран во Србија- еве во кој затвор ќе “лежи” Гавриќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се уште се чека на потписот на министерот за правда на Јужна Африка, за екстрадиција на Добросав Гавриќ убиецот на Аркан Ражнатовиќ, кој е осуден на 35 години затвор, а во 2006 година побегна од Србија. 

Екстрадицијата на 43- годишниот Доброслав Гавриќ се очекува во најскоро време, а ќе се обави во стога тајност, и со засилени мерки за претпазливост. По него ќе биде испратен специлано обучен тим на Министерството за внатрешни работи на Србија, а сите претходни детали ќе бидат договорени преку националните бироа на Интерпол. Во земјата од која побегна пред 14 години ќе биде вратен со редовна авиокомпанија.

Жељко Ражнатовиќ бил убиен на 15 јануари 2000 година во белградскиот хотел „Интерконтинентал“,каде што се наоѓало и неговото седиште. По повод убиството на Аркан се прават различни мислења, од кои две имаат најголема предност. Според првата, Аркан е убиен поради расчистување со мафијата а според другата тоа има политички интерес.
Аркан од војната во Босна и Херцеговина излегол со многу богатство на крај.

Гавриќ, кој беше осуден на 35 години затвор, првично ќе биде задржан во затворот во Белград. Таму ќе ги помине сите лекарски прегледи и анализи. Потоа ќе биде префрлен во еден од најдобро чуваните затвори во Србија, „Забела“.

Сето ова, сепак, ќе се случи само ако министерот за правда на Јужна Африка ја потпише одлуката за екстрадиција на Гавриќ.

Одлуката за екстрадиција на Добросав Гавриќ во Србија  се совпаѓа со годишнината од ликвидацијата во која на Жељко Ражнатовиќ Аркан (48), Миленко Мандиќ Манда (44) и Драган Гариќ (47). Поминаа точно 20 години од тогаш и сè уште е неизвесно дали убиец осуден за директно убиство конечно ќе биде зад решетки. 

Портпаролот на националното обвинителство на Јужна Африка , Ерик Нтабазалила минатата недела изјави дека решението е „донесено и покрај противењето на Гавриќ кој вели дека стравува за неговиот живот ако биде екстрадиран во Србија“.

Гавриќ тројното убиство го извршил кога имал само 23 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.