Убиецот Тоска ги кинел ознаките "Полиција" од униформата, лепел ознаки на УЧК-а, продавал службени радио станици а постои опасност да ги имал и списоците за вондредни состојби

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 10:32

Убиецот Тоска се заканил со “Света војна” против колегите од МВР

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Тоска и стана познат на јавноста по ладнокрвното убиство на Бекир А. во кој испукал четири куршуми, му ги украл парите и го запалил.

По грозоморниот чин полицаецот Енвер Тоска мирно си заминал да бодибилдинг тренинг, па на митинг на ДУИ кој се одржал таа вечер во Битола, а како поддршка за референдумот за промена на името.

Неофицијано Тоска своето вработување во полицијата го добил со пари, поточно 8.000 евра кои ги платил како мито кај претпоставените. Претходно, тој не ја поминал обуката која се одржувала во Идризово.

Тоска важел за проблематичен во службата, а повеќепати бил пријавуван за неговото однесување.

Еден од најеклатантните примери за непочитување на службата е ситуацијата кога Тоска ги искинал буквите на униформата со кои било испишано „Полиција“ бидејќи бил револтиран што негови колеги му напишале казна откако со неговото приватно возило се паркирал пред хотелот “Епинал” на место предвидено за парикинг на такси возила.

Во еуфоријата, Енвер пред сите присутни вработени во станицата на сиот глас се заканил дека ова било “Света војна” и дека македонските полицајци “ќе пат за ова”.

По оваа случка на Тоска му биле одземени телефоните по наредба на суд, а бил и суспендиран. Од она што се знае, тој добил и притвор за овој случај но, наводно било интервенирано од тогашниот заменик министер Нухиу истиот да биде укинат. МВР пак, не изрекла казна против него.

Освен оваа случка, од извори во полицијата дознаваме дека Енвер заедно со уште еден колега Албанец, на униформите на Македонската полиција ги отстранувале официјалните амблеми и на нивно место лепеле амблеми на “Народно ослободителната армија на Албанија” односно крило на терористичката УЧК.

Колегата и пријател на Енвер Тоска пак, чиј татко е инспектор во СВР Битола пред околу еден месец бил унапреден за главен инспектор за кризи и вондредни состојби.

Тоска, бил пријавен и за продажба на службената радио станица која со помош на ГПС системот била лоцирана во Арачиново и оттаму одземена. За ова Тоска добил казна од 5% на плата и ништо повеќе. Два или три дена пред убиството пак, Тоска бил пријавен и за кражба на очила од келнер во кафуле во Битола, за што не бил составен записник ниту офицјален поднесок.

Полициските службеници во Битола пак, стравуваат за нивните животи, имајќи во предвид дека кај началникот за кризи и вондредни состојби се наоѓаат и сите планови за одбрана како и списоците на резервистите кои би требало да се повикаат за време на евентуална кризна состојба, имајќи во предвид дека неговиот син, пријател на Тоска бил симпатизер на делото на УЧК, додека пак Тоска се закнувал со “Света војна” против македонската полиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.