Во соопштението се напоменува дека судија на претходна постапка на Специјалниот совет за Косово на 26 октомври го потврдило обвинението против нив четворица.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 ноември, 2020 7:27

УБИСТВА И МАЧЕЊА: Хашим Тачи, Весели, Сељими и Красниќи синоќа се однесени во притвор во Хашкиот суд

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Специјалното обвинителство на Косово синоќа соопшти дека во средата и вчера се уапсени Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, кои од синоќа се ставени во притвор на специјализираните совети на Косово во судот во Хаг.

Во соопштението се напоменува дека судија на претходна постапка на Специјалниот совет за Косово на 26 октомври го потврдило обвинението против нив четворица.

Информацијата за датумот и времето на првото пристапување пред судот на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кое ќе се одржи пред судија на претходна постапка, ќе биде наскоро објавена.

Хашим Тачи е роден на 24 април 1968 во Србица, денешно Косово.

Србица се наоѓа близу Дреница, место каде била основана Ослободителна војска на Косово (ОВК) во раните 1990-ти.

Тачи студирал историја и филозофија на универзитетот во Приштина, а во 1993 живеел во Швајцарија каде се приклучил на политичките групи на албанската емиграција. Запишал постдипломски студии на универзитетот во Цирих, но не ги завршил.

Истата година се приклучил во ОВК, каде имал улога да обезбеди оружје и парични средства, како и да обучи и префрли нови регрути од Албанија на Косово. На 17 јули 1997 во Приштина на Тачи во отсуство му се судело за тероризампоради активностите во ОВК, и бил осуден на затворска казна од 10 години.

„Хашим Тачи не е претставник на овој преподобен народ, туку косовски разбојник, кој со помош на меѓународни разбојници Косово и Метохија уништи 150 храмови заедно со бомбардери од Западот и Печката Патријаршија и Дечани и се закануваше дека ќе ги одземе црквите Божји.

Во март 1999 Тачи бил на мировни преговори во Рамбује како водач на косовските Албанци. За него било прифатливо Косово да има автономија во рамките на Србија, додека неговите соборци не сакале да прифатат ништо освен независност на Косово.

Потоа Тачи како водач на најсилната политичка фракција на ОВК формирал влада на Косово, чиј премиер бил токму тој (1999–2000). Според одредени извори, Тачи наредил убиство на водачите на помалите ривалски фракции од ОВК.

Тачи бил обвинет за врски со криминалното подземје. Се сметало тој обезбедувал финансии за ОВК преку шверц на хероин и кокаин во западна Европа.

Според други обвинувања, Тачи учествувал во нелегална трговија со човечки органи за време на војната во Југославија, за што требало да биде обвинет од Хашкиот трибунал.

Тачи победил на парламентарните избори во ноември 2007, а во јануари 2008 бил изгласан за премиер во косовското Собрание. За време на неговата инаугурација изразил намера да прогласи независност на Косово во првата половина на 2008.

На 17 февруари била прогласена независност на Косово од Србија. Тачи на премиерската позиција останал до 2014, а во февруари 2016 пратениците од косовското Собрание го избрале за претседател на Косовово времетраење од пет години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Објавени се снимки на кои, според тврдењата на Приштина, се гледаат почетните напади, кога е и убиен припадникот на косовската полиција.

Свеља кажа дека снимките биле најдени во еден од дроновите запленети во Бањска, кој, како што кажа, „бил во рацете на терористите“.

Косовската полиција објави две снимки тврдејќи дека на нив се гледа почетокот на судирот меѓу групата Срби и косовската полиција.



„Видеото ги прикажува првите напади на терористичката група на косовската полиција. Нападите, како што се гледа, се извршени со различно оружје, почнувајќи од зоља и друго тешко вооружување“, тврди косовскиот министер.



Полицијата на Косово објави и фотографии од запленето оружје за кое тврдат дека е произведено во Србија, а дека дел од оружјето и муницијата се произведени во последните години.

Претходно премиерот на Косово Аљбин Курти објави снимки кои, како што тврди, покажуваат дека оружената група од Бањска за нападот се спремала на воен полигон во Србија.

Косовската полиција објави снимки од почетокот на нападот во Бањска (ВИДЕО)

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, продолжи да објавува снимки...

Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела.

Косово ја доби организацијата на Медитеранските игри 2030

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се...

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...