При преглед кај него биле пронајдени и одземени три ножа, марихуана и други предмети.

Објавил: Весна Петровска | 24 јуни, 2019 19:44

Убиства, кражби, напади – животот во Македонија секојдневно се претвора во хорор филм

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Животот во Македонија стана како некој хорор филм, нетрпеливоста предизвикува големи трагедии и инциденти.

Македонската полиција во изминатите неколку дена со полни раце работа. Секој ден во нашата држава сведоци сме на многу несреќи, убиства, тепачки, кражби и самоубиства кои полицијата има за задача брзо да ги расчистуваат овие случаи.

Вчера во Градскиот парк во Скопје нападната била скопјанка. Инцидентот се случил во 20 и 30 часот и 18-годишната скопјанка била нападната од непознато лице.

Уште еден напад е регистриран, но овој пат нападнат бил полициски службеник за време на работаната должност.

– Вчера околу 18.50 часот е приведен Б.Г. (36) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник што извршувал службено дејство.

При преглед кај него биле пронајдени и одземени три ножа, марихуана и други предмети.

Секојдневието во Македонија стана секој ден се пострашно.

По целосно докуменитрање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така вчера полциијата уаспеа да го уапси крадецот кој изврши тешка кражба во супер маркет.

Во СВР Скопје, вчера во 9 часот, вработена во маркет на улица „Ѓорче Петров“ пријавила дека непознат сторител извршил разбојничка кражба во маркетот.

По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле и привеле сторителот и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

По нападите голема трагедија ја потресе Битола. Сопруг си ја убил својата сопруга па подоцна се самоубил, жителите згрозени од убиството кое се случи во нивниот град.

– Во СВР Битола вчера во 14.15 часот било пријавено дека во стан на улица „Климент Охридски“ во Битола С.Ѓ. (62) по претходна расправија извршил убиство на неговата сопруга М.Ѓ. (57), по што извршил самоубиство.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести