Во семејна куќа пронајдени се две мртви тела. Се работи за две жени од кои едната неофицијално е сопруга на убиецот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јануари, 2020 11:46

Убиство во Прилеп- пронајдени две мртви жени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утрово пукање во Прилеп, пренесува „Скопје1.мк“

Во семејна куќа пронајдени се две мртви тела. Се работи за две жени од кои едната неофицијално е сопруга на убиецот.

Од Јавното обвинителство утрово заедно со  екипи на крим-техника од МВР, извршиле увид во куќата на ул.  Александар Македонски во Прилеп каде утринава во  8 часот биле пронајдени две безживотни тела, објави ТВ21.

„Безживотните тела на А.П. родена 1979 година и нејзината мајка Т.К. родена 1956 година имале прострелни рани. Во нив пукал сега осомничениот, 50-годишниот поранешен сопруг и зет на починатите. Со две прострелни рани се здобило и уште едно лице, брат и син на оштетените, кое било во просторијата. Во обидот да биде совладан, повреден е и осомничениот. Повредениот оштетен и осомничениот се пренесени во прилепската болница каде им се укажува медицинска помош“, велат од ЈО за ТВ21.

Во насока на расчистување на кривично правниот настан , по наредба на јавниот обвинител подигнати се и обезбедени траги од лице место. Издадена е  наредба за обдукција над починатите. Обезбедените траги од лице место  ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде и Наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец кој, според сознанијата на обвинителството, поради претходно нарушени брачни односи не живеел во заедница со неговата сега почината сопруга.

Наспроти убиството во Прилеп се случи и страотна сообраќанја несреќа во која тешко повредена е една жена. 

Несреќата се случила откако 60-годишениот возач К.С од Прилеп со камиот удрил во 67-годишна жена. 

Вчера во 15.30 во Прилеп на крстосницата од ул. ,,Прилепски бранители“ и ул.,,Трајко Тарцан“ се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило ,,ДФМ,, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.С (60) од Прилеп удрило во Д.И (67) од Прилеп.

По ударот К.С. ја пренел Д.И. во Итната медицинска помош во Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...