Како што пренесуваат белградските медиуми, М.В. (41) е убиен околу 19 часот во пукање кое се случило на Бежаниска коса во Белград. До инцидентот дошло во близина на ОУ „Борислав Пекиќ“.

Објавил: Весна Петровска | 17 јануари, 2020 21:13

УБИСТВО КАКО НА ФИЛМ ВО БЕЛГРАД – убиен маж пред жената и децата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Уште една ужасна приказна ни доаѓа од Белград, постојано во Србија се случуваат инциденти, тепачки, силувања но чести се и убиствата.

Како што пренесуваат белградските медиуми, М.В. (41) е убиен околу 19 часот во пукање кое се случило на Бежаниска коса во Белград. До инцидентот дошло во близина на ОУ „Борислав Пекиќ“.

Според пишувањата на српските медиуми, М.В. е убиен во автомобил „бмв х6“ во моментот кога со него биле сопругата и двете децат, кои штотуку ги зел од училиште.

Засега е познато дека во него е пукано неколку пати и дека е погоден во глава. Инаку, М.В. бил роден во Котор и со години работел како морнар.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.