Најново метео

Објавил: Владо Марин | 27 јуни, 2021 17:56

УВ ИНДЕКС 11 И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 42 СТЕПЕНИ – ПЕКОЛНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА И ВО СЕДМИЦАТА КОЈА ШТО НИ ПРЕТСТОИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пеколниот бран проследен со ЕКСТРЕМНО висок УВ ИНДЕКС продолжува и во неделата која што ни претстои.

Нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од јужните географски широчини (северните предели на Африка).

Времето и во следните денови ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.

Од среда во попладневните часови ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен и западен, а во останатите предели од северен и од североисточен правец. Од среда ветерот ќе го промени својот правец во западен речиси насекаде и повремено ќе биде засилен по интензитет.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, додека во најтоплите предели, особено во средината на седмицата температурите се очекува да се искачат до околу 42 степени.

УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има коефициент некаде од 10 до 11, што значи дека ќе биде ЕКСТРЕМНО ВИСОК. Токму поради ова старите и изнемоштени лица во најтоплиот дел од денот да не се движат на отворено (поточно под директно влијание на сонцето), додека помладите доколку излегуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да понесат капа и наочари за сонце, како и шишенце со ладна вода со цел да се заштитат од ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури и ЕКСТРЕМНО високиот УВ ИНДЕКС.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...