Фронтекс наведе дека од јануари до август се регистрирани околу 29.600 илегални преминувања на границата на западната средоземна рута, или двојно повеќе од лани

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 14:09

Удвоен бројот на мигранти кои влегуваат во Шпанија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на ЕУ (Фронтекс) соопшти дека бројот на мигранти кои го поминале западниот дел на Средоземното Море во Шпанија е повеќе од удвоен во првите осум месеци од годинава, во споредба со истиот период минатата година.

Фронтекс во соопштението наведе дека од јануари до август се регистрирани околу 29.600 илегални преминувања на границата на западната средоземна рута, што е двојно повеќе од минатата година.

Минатиот месец во Шпанија пристигнале околу 6.500 луѓе, што е двојно повеќе од август 2017 година.

Повеќето луѓе се од Мароко, Гвинеја и Мали.

Фронтекс соопшти дека во исто време бројот на луѓе кои го преминале Средоземното Море паднал на околу 86.500, што е за 40 проценти помалку во однос на минатата година. Ова се должи на намалување на бројот на луѓе кои ја поминале главната рута на Средоземното море од Либија во Италија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.