Таа година дочекот бил организиран во новосадскиот хотел „Парк“ а на видео снимката може да се забележи дека Тито веќе стар и изнемоѓтен ен станува од столот, а една од причините е и тоа што тогаш тој веќе бил болен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 декември, 2019 12:11

Уживал во луксуз- Еве како Тито го помина последниот дочек на Нова Година (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито обожавал скапи работи и едноставно бил вљубеник во луксузот. Тој живеел на висока нога а доказ за таквите тврдења е и снимката од дочекот на 1980-та година.

Таа година дочекот бил организиран во новосадскиот хотел „Парк“ а на видео снимката може да се забележи дека Тито веќе стар и изнемоѓтен ен станува од столот, а една од причините е и тоа што тогаш тој веќе бил болен.

Со Уставот на СФРЈ од 1974, Тито бил прогласен за доживотен претседател на земјата, што исто така значајно ги блокирало демократските процеси во државата.

Таа година пријателите му ја честитале  со зборовите „среќна нова година“ и му посакале се најдобро.

Погледнете како му ја честитале 1980-та година во која Тито го напуштил овој свет.

Јосип Броз – Тито бил југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на југословенската народна армија.

Покрај државничките обврски и лидерски должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.