Топлите температури продолжуваат во земјава!

Објавил: Владо Марин | 9 април, 2020 8:24

УЖИВАЈТЕ ВО СОНЦЕТО: Продолжуваат топлите денови во земјава!

Фото/Текст извор: ©Магазин

До крајот на денов кај нас и понатаму ќе имаме стабилно, суво, топло и сончево време.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 19 степени.

И во следните денови ќе имаме претежно стабилно, суво, топло и сончево време со мала локална облачност.

За време на викендот и тоа особено во недела попладне локално ќе има повеќе облачност. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

Услови за локален дожд ќе има и на почетокот од следната недела. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат уште повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, особено утре и во сабота.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...