Проста и проширена репродукција на секој правен поредок се врши во образованието, каква едукација ќе добијат учениците таму, такви односи ќе репродуцираат во општеството!

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 декември, 2020 13:06

УКИНУВАЊЕТО НА ИСТОРИЈАТА Е ЗЛОСТОРСТВО ПРОТИВ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК) потсетува дека народ без минато нема своја иднина и затоа ја отфрла најавата на марионетската влада за укинување на предметот историја поради реформи на образованието по финскиот модел.

Проста и проширена репродукција на секој правен поредок се врши во образованието, каква едукација ќе добијат учениците таму, такви односи ќе репродуцираат во општеството!

СМК ја оценува за скандалозна најавата на министерството за образование за укинување на предметот историја во време кога марионетската влада со Договорот Заев-Борисов и Спогодбата Димитров-Коѕиас ја продаде македонската историја на Грција и Бугарија.

СМК повикува на мобилизација на науката и општеството во отпорот против марионетската влада, водена од други и туѓи интереси, поради трајни последици од бришењето на историјата од колективната меморија на Македонскиот народ, со цел демонтажа на државноста на Македонија!

СМК смета дека укинувањето на историјата е злосторство против Македонскиот народ и тоа треба да се спречи!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести