Дописникот на Би-Би-Си од Киев, Мирослав Петс, наведува дека познава многу мажи и жени кои денеска биле повикани да се пријават во воените канцеларии.

Објавил: Перо Милчин | 24 февруари, 2022 4:42

УКРАИНА ВОВЕДЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: На резервистите им е забрането да ја напуштат државата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Украинскиот парламент донесе закон за прогласување вонредна состојба, кој се однесува на цела Украина, но не и на проруските сепаратистички региони Доњецк и Луганск. Што значи ваква вонредна состојба?

Првиот чекор, како што вчера најави украинскиот претседател Владимир Зеленски во своето обраќање до нацијата, е дека Украина ќе повика и резервисти на воена служба.

Дописникот на Би-Би-Си од Киев, Мирослав Петс, наведува дека познава многу мажи и жени кои денеска биле повикани да се пријават во воените канцеларии.

Треба да се напомене дека вонредната состојба не е иста како воената администрација, иако не е исклучена ниту таа опција.

Како што потврди денеска висок државен функционер на Советот за национална безбедност и одбрана, може да се воведе воена управа доколку дојде до тотална инвазија на руската армија.

Нацрт-документот, кој беше разгледан од Ројтерс пред неговото усвојување, воведува проверка на документи и и дава на владата овластување да воведе полициски час доколку е потребно.

Според нацртот, Украина ќе воведе ограничувања за голем број дигитални и радиокомуникациски услуги, за кои владата вели дека може дополнително да ја поткопаат сегашната ситуација, додека на воените резервисти нема да им биде дозволено да ја напуштат земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...